Коалициите и партиите ќе ги подигнат уверенијата за новите пратеници
Во Државната изборна комисија (ДИК) денеска попладне ќе бидат врачени уверенијата за новите пратеници избрани на предвремените парламентарни избори 2016.
Овој пат увреренијата, како што соопшти ДИК, ќе има бидат врачени на овластените претставници на коалициите и политичките партии кои освоија пратенички места, а не како досега лично на новоизбраните пратеници.
Се очекува по врачувањето на уверенијата, Собранието да го соопшти датумот на одржување на Конститутивната седница, која треба да биде свикана најдоцна до сабота, 31 декември, на полноќ.
Конститутивната седница, според најавите, ќе ја свика и со неа ќе претседава претседателот на Собранието во заминување Трајко Вељаноски.
Нема информација дали на истата седница ќе бидат избрани претседател и заменици претседатели на Собранието или само ќе бидат верифицирани мандатите на пратениците.
Деветтиот македонски парламентарен состав ќе има 120 народни избраници. Овој пат нема да има народни избраници од дијаспората поради недоволен број гласови. Најмногу мандати освои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 51, коалицијата предводена од СДСМ има 49 мандати, ДУИ 10, Беса - 5, Алијанса на Албанците - 3 и ДПА - 2.
Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.
Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино