Во велешко Горно Јаболчиште се одржа седмата „Компиријада 2016“
Во организација на Општина Чашка и ООУ „Лирија“ денеска во селото Горно Јаболчиште се одржа седмата „Компиријада 2016“.
На повеќе штандови посетителите можеа да го купат познатиот јаболчишки компир кој главно е црвен, а може да биде и жолт, како и овчо сирење, костени и уште неколку земјоделски производи од овој планиснки регион во велешко.
Како што појасни за медиумите Милена Андова од Општина Чашка, Целта на манифестацијата „Компиријада“ која првпат беше организирана во 2010 година е да се промовираат локалните земјоделски производители на компири, овчо сирење и костени.
- Посетителите поблиску да ја запознаат традицијата и карактеристиките на овој прекрасен и еколошки чист регион и здрава храна, потенцира Андова.
Манифестацијата беше збогатена и со богата културно-уметничка програма во изведба на учениците од ООУ „Лирија“, кои ги презентираа своите носии, игри и песни – традиции на албанското население во земјава.
Селото Горно Јаболчиште кое брои над две илјади жители се наоѓа на 980 метри надморска височина под Солунска Глава. Во непосредна близина извира и реката Тополка од која со вода се снабдува Велес и околните населени места.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза
-
Најмалку четворица мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска
-
Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица
-
Тече истрагата за убиството на Вања и Панче, првоoсомничениот Палевски во притвор
-
Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач
-
Мицотакис: Било кое отстапување од Договорот од Преспа ќе има последици и во билатералните односи и на патот на Скопје кон ЕУ