Дали знаете дека во патничкита авиони постојат „тајни соби“
Веројатно само малкумина патници знаат дека во поголемите патнички авиони постојат „тајни соби“ во кои се „дружат“ членовите на екипажите на леталата.
Иако, патниците имаат впечаток дека стјуардите и стјуардесите се цело време „на нога“, затоа што во текот летот постојано гледаат некои од нив, сепак во поголемите летала се наоѓаат и посеби оддели наменети само за нив.
Овие „тајни соби“ најчесто се сместени во делот од кабината над првата класа, каде членовите на екипажот можат да преспијат. Скалите што водат до нив се скриени веднаш до пилотската кабина и во зависност од големината на авионот во нив има места и за до осум лица.
Во авионите „Боинг 747“ креветите за членовите на екипажот се на кат, а во некои летала, како „Ербас А380“, има и посебна просторија за одмор на пилотите. Во простоијата за пилотите во авионите „Боинг 777“, покрај два кревети, има и тоалет, мијалник и седишта како во бизнис класата.
Ново на Сител
-
Во Белград во сабота ќе се одржи хуманитарен концерт во споменот на загинатите во Кочани
-
ФЗОМ предупредува за сериозна фишинг измама преку лажна веб-страница
-
Украинската државна железница погодена од голем кибер напад
-
ОЈО бара притвор за 44-годишен маж кој украл 10 илјади евра од менувачница
-
Светски ден за борба против туберкулоза, 290 случаи во државава во 2023 година
-
Волц: Веќе се запрени воздушните напади врз руската и украинската инфраструктура
-
Демонстрантите во Истанбул четврта ноќ по ред протестираат против апсењето на градоначалникот Имамоглу
-
Стабилна е состојбата на сите 15 повредени од Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија