Во Кавадарци промовирана поетската збирка “За нашето наше”
Во галеријата при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ од Кавадарци, синоќа се одржа промоција на најновата поетска збирка од кавадаречката поетеса Тодорка Андова „За нашето наше“, во рамки на манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2016“.
Во оваа поетско дело застапени се и песни од творештвото на нејзиниот починат сопруг Томе Андов, поет, во чиј спомен е и издавањето на оваа книга.
- Моите песни објавени овде се полни со емоции, тие ги одразуваат моите чувства, создавани се во периодот од моментот кога Томе не напушти. Со зборови го опишав и го ставив на хартија сето тое низ кое што минував овие пет години, рече авторката.
Пред присутните, меѓу другите се обрати и Милка Миндева, поетеса од Кавадарци.
- Животот не се мери со бројот на вдишувањата што ќе ги направиме, туку со миговите што ни го одзеле здивот. А за една ваква вештина, потребни се искрени и спонтани личности, кои можат и да го направат тоа. Не може секој да патува меѓу ѕвездите, а уште помалку, да патува со нив, нагласи Миндева.
Таа рече дека во овие песни, Тодорка е патник, сопатник, меѓу сонот и јавето, меѓу далечината и блискоста, меѓу двата света, меѓу зборовите и делата. Меѓу сјајот и мракот, меѓу насмевките и солзите, меѓу тажачката и радоста, меќу средбите и разделбите.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино