Груевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите со значајна разлика
Истражувањата покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе победи на претстојните избори на 11 декември со значајна разлика, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање на денешната средба со преставници и пратеници од Европската народна партија (ЕПП) кои учествуваат на есенската сесија и на Парламнетарното собрание на ОБСЕ кое од вчера се одржува во Скопје.
- Изминатите десет години спроведени се многу реформи и проекти кои се важни за иднината на земјата. Сите овие резултати и проекти беа препознаени од македонските граѓани. Македонските граѓани гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата што ја предводиме. Тоа беше потврдено на сите избори изминатите десет години. Сега ни претстојат избори на 11 декември а сите индикатори покажуваат дека повторно ќе победиме на изборите со значајна разлика, рече Груевски.
Тој изрази надеж дека со овие избори политичката криза во Македонија ќе заврши, и оти треба да се почитува волјата на народот изразена на изборите.
- Кризата треба да е привремена не смее да трае премногу долго. Долгите кризи се лоши за секоја држава и за секое општество, а во секоја демократија народот е тој кој што треба да се остави да одлучи кому ќе му ја даде довербата и поддршката. Одлуката на народот треба да се почитува. Треба да најдеме излез од нашата криза, а решението за оваа политичка криза се претстојните избори на 11 декември, рече Груевски.
Заменик координаторот на групата пратеници од ЕПП во ПС на ОБСЕ Маргарета Цедерфелд која е претставник на Шведска, изрази уверување дека ВМРО-ДПМНЕ како нивна сестринска партија ќе победи на претстојните избори во Македонија.
- На 11 декември вие ќе имате избори и уверена сум дека следејќи ги последните истражувања до кои дојдов дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Ја изразуваме нашата силна поддршка и пријателство, нагласи Цедерфелд.
Таа додаде дека пред земјата претстојат и низа други предизвици како што се економските реформи, кои треба да доведат до членство во ЕУ и НАТО. Особено ја истакна и улогата на земјата во справувањето со бегалската и мигрантската криза подвлекувајќи дека Македонија е клучната земја која придонесе да се затвори балканската рута.
Ново на Сител
-
ЦУК: Разгорен пожарот во реонот Селце - Драгоево, пожарникарите повлечени зашто се слуша пукање на муниција
-
МЗ: Отворен телефонски број за директна комуникација со министерот
-
Тошковски: Пристигнуваат „ер трактори“ и хеликоптери од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора
-
Хоспитализирани уште осум лица со голема кашлица, вкупно 905 заболени
-
Поставен камен темелник за изградба на спортска сала во Лескоец
-
Помалку часови наплата на зонско паркирање во Тетово
-
Превентивно-едукативна кампања за заштита од топлотен удар на „Ќафасан“
-
Мицкоски: Утре и задутре ситуацијата со пожарите ќе се стави под контрола