Македонија
15. July 2024 - 16:33

Грчки аналитичари: „Тајното оружје“на Мицотакис не е вето ниту замрзнување на европски фондови

Вето за патот кон ЕУ и замрзнување на европските фондови за Македонија- кое е тајното оружје кое го најави Мицотаки на НАТО самитот с дека ќе го искористи, доколу не се почитува Преспанскиот договор?

Иако ова се можните сценарија според грчките медиуми, дел од грчките аналитичари сметаат дека непочитување на билатерален договор, не може да придонесе за санкции од ЕУ. Изјавата на Мицотакис била повеќе за грчката јавност.

Откако премиерот Мицкоски на НАТО самитот пред новинарите не ја користеше придавката Северна, Мицотакис се обиде да го протне прашањето за договорот од Преспа во Вашингтон, но неуспешно- на НАТО самитот не се разговара за билатерални договори, му беше посочено.

Мицотакис ќе се обиде да извлече реакција од САД, сметаат аналитичарите, но ништо не би можело да се промени во билатералниот договор меѓу двете земји, освен меѓусебната економска соработка.

За премиерот Мицкоски, НАТО самитот поминал исклучително успешно, а соговорниците виделе поинакви политичари од Македонија кои имаат јасен план, а не политичари кои што на се велат „да“.

“Ние нема да бидеме политичари кои што надвор за се викаат „да“ и ја држат раката за срцето со подведена кичма. Напротив, достоинствено ќе ги браниме нашите интереси, за нешто ќе се сложиме за нешто нема да се сложиме. Тоа е она кое што е наш приоритет. Ние немаме намера македонските граѓани, ниту Македонија да ги ограбуваме. Напротив, мора да владее правото, мора институциите да се функционални, мора политичарите да бидат слуги на граѓаните во рамките на можностите.”

На НАТО самитот во Вашингтон, Мицкоски и Мицотакис не остварија билатерална средба