Нови 1.480 книги за Кумановската бибилиотека
Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ одвои 248.000 денари за набавка на 52 наслови или 1.480 книги-лектири за основно и средно образование, информираа денеска надлежните од установата. Тендерската постапка е завршена, а лектирите ќе бидат достапни за учениците по техничката обработка.
- Оваа набавка на лектири се спроведува на почетокот на учебната година и е наменета за обновување на фондот на лектирните изданија кои најмногу се изнајмуваат во библиотеката, изјави Марјан Петковски, директорот на Кумановската библиотека.
Претходно, во јуни годинава, библиотеката набави 262 наслови или 800 книги белетристика наменета за пошироката читателска публика. До крајот на годинава, во ноември, нагласија од библиотеката, ќе се изврши нова набавка на белетристика.
Библиотеката, деновиве започна и со ревизија на библиотечниот фонд и на двата оддели.
- Апелирам до корисниците, доколку во своите домашни библиотеки поседуваат позајмени, а не вратени книги подолг временски период, да ги вратат во библиотеката во најкраток рок, за да можеме да ги евидентираме и да бидат достапни за читателите, изјави Петковски.
Во Одделот за возрасни, нагласи, евиденцијата на изнајмување и враќање на книгите се врши електронски, а оваа практика годинава започна да се применува и во Детскиот оддел.
- Се надеваме дека за една година целосно ќе бидат евидентирани позајмените книги со што ќе се олесни работата на вработените кои ќе имаат подобар увид во однос на тоа колку книги се позајмени. Корисниците кои навреме, по 15 дена, не ги враќаат книгите плаќаат симболични суми за задоцнето враќање, а имаат и можност да ги презадолжат за дополнителни 15 дена, објасни Петковски.
Со стартот на новата учебна година започна и бесплатното зачленување на учениците од второ одделение. И годинава библиотеката нуди поволни пакети при групно зачленување, семејни пакети, но и бесплатно запишување на децата кои потекнуваат од социјално ранливите категории.
Ново на Сител
-
АХВ: Вонредни 165 надзори во магацини и ладилници за храна, утврдени недоследности кај 41 оператор
-
Јанц: И реваншот против Македонците ќе биде предизвик
-
Макрон ја повика Русија да го прифати примирјето
-
Стармер: Путин не е сериозен во врска со мирот
-
„Еурактив“: Српската бавна револуција
-
Нејмар: Се чинеше дека моето враќање е блиску, но нема да можам да го носам дресот на Бразил
-
Хрватскиот премиер Пленковиќ опериран поради срцева аритмија
-
Норис најбрз на квалификациите за Големата награда на Австралија