Боб Марли бил одличен тркач, тврди неговиот син Стивен
Можеби многумина не можат да претпостават поради нашироко познатите факти за конзумирањето марихуана од страна на Боб Марли, но славниот музичар бил врвен спортист. Тој бил легенда во пинг понг, обожувал да игра фудбал, а неговиот син Стивен неодамна откри и дека неверојатно брзо трчал.
Во интервју за Хафингтон пост каде го промовираше неговиот нов албум „Revelation Part II: Fruit of Life“, Стивен Марли зборуваше и за татко му и за неговите омилени активности.
Овој четириесет и четиригодишник и денеска се сеќава на вештините на татко му во пинг-понг, но истакнува дека осекогаш се чудел на неговата брзина во трачање.
- Тој беше многу брз. Се сеќавам дека се тркавме и дека секогаш помислував дека можам да трчам побрзо од својот татко. Но, тој човек беше толку брз.
Стивен се потсети на трчањето со неговиот татко еднаш неделно, што било доживување за цело семејство.
- Ќе отидевме на село, бидејќи таму имавме имот, на Јамајка. И во недела трчавме. секого можеше да победи.
Зиги Марли, вториот син на Боби, претходно откри дека неговиот татко одел на утринско трчање, но никогаш не споменал дека Марли всушност организирал семејни трки.
Атлетските способности на Боб не би требало да бидат изненадувачки, затоа што е познато колку тој сакал да игра фудбал. Тој имал неверојатни способности во таа игра и официјалниот сајт на Боб Марли денеска има цел оддел со негови фотографии додека играл фудбал.
Марли еднаш на еден новинари изјавил: - Ако сакате да ме запознате, ќе морате да играте фудбал против мене и мојот бенд „The Wailers“.
Ново на Сител
-
Утрово во Албанија регистриран земјотрес со јачина од 3,2 степени
-
Ѓоковиќ обезбеди четвртфинале во Мајами
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија
-
Македонија одигра нерешено со Велс
-
На Факултетот за музичка уметност ќе се одржи комеморација за Сара Пројковска
-
Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода
-
Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба