Апликација за бесплатни пораки за кои не ви треба интернет
Не ви треба роаминг, (речиси) не ви треба интернет, нема големи сметки, а сепак, апликацијата ви овозможува да испратите бесплатна порака до било кое катче на планетата.
FireChat е совршена за луѓето што патуваат, бидејќи овозможува да праќате и примате пораки апсолутно бесплатно и без постојана интернет конекција, благодарение на уникатниот принцип на „мрежен прием“. Овој систем работи така што ја пренесува пораката од еден до друг телефон (на кој е инсталирана оваа апликација) преку Wi-Fi и Bluetooth антената. Во основа, сé што треба е вашиот телефон да налета на друг телефон со интернет, и пораката ќе биде пратена инстантно.
Кога не постои конекција во близина, пораките се чуваат до моментот кога постојат услови да бидат пратени. Тогаш, пораката се префрла од еден на друг телефон сé додека не стигне до примателот. Притоа, пораките се енкриптирани, па нема причина од загриженост дека некој од попатните приматели ќе може да ја прочита.
Со оглед на начинот на кој работи, јасно е дека процесот на испраќање на пораката може и да потрае околу 10-20 минути, ама важно е што вашата порака ќе стигне каде и да ја пратите без да платите ни денар. Уште подобро, апликацијата е достапна и за iPhone, а и за Android телефоните.
Ново на Сител
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат
-
Бројот на загинати во поплавите во Кенија се искачи на 228
-
Папата им го честиташе Велигден на православните христијани
-
Скопјанец измамен во менувачница од двајца странски државјани
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“