Фудбал
15. August 2015 - 18:36

Бундес лига: Гостите со повеќе успех

На петте одиграни натпревари попладнево во рамките на 1.коло од Бундес лигата единствената победа на домашен терен ја постигна екипата на Баер Леверкузен, еден дуел заврши нерешено, а на три натпревари се радуваа гостинските екипи.
Резултати на денеска одиграните дуели: Баер Леверкузен – Хофенхајм 1:0, Драмштат – Хановер 2:2, Аугсбург – Херта 0:1, Вердер – Шалке 0:3 и Мајнц – Инглоштат 0:1.
Во терминот од 18:30 часот се игра натпреварот Борусија Дортмунд – Борусија Менхенгладбах.
Вчера шампионот Баерн го победи Хамбургер со 5:0.
Колото ќе биде комплетирано утре со дуелите: Волфсбург – Ајнтрахт и Штутгарт – Келн.