-->
-->
Блесок на Салах против Ватфорд
-->
Враќањето на Клаудио Раниери во англиската Премиерлига не помина најдобро, откако неговите Вотфорд беа декласирани во мечот со Ливерпул и загубија со 0:5 на домашен терен.
Раниери, човекот кој славно ја освои титулата од ПЛ со Лестер, се врати да им помогне на Вотфорд да опстанат во Премиерлигата, но важните поени ќе ги бара против друг противник, откако „црвените“ на Јирген Клоп се покажаа едноставно во поинаква класа од нив.
„Gegenpressen“ стилот на игра на Клоп, веднаш донесе до резултат, откако во 9. минута од мечот Мохамед Салах совршено го пронајде Садио Мане за Сенегалецот да го постигне својот 100. гол во Премиерлигата како трет Африканец со ваков успех (по Дидие Дрогба и самиот Салах). Голот на Вотфорд постојано беше под опсада со над 80 отсто посед на топката, и во 37. минута Роберто Фирмино зголеми на 0:2, пред Бразилецот во 52. минута од мечот да зголеми на 0:3. Египетскиот фудбалски „фараон“ Мо Салах само две минути подоцна да постигне фантастичен гол за 0:4, а Роберто Фирмино во 91. минута да го комплетира својот хет-трик.
Убедливата победа ги враќа Ливерпул на првото место на табелата со 18 поени по осум меча, пред Челси со 16 и Манчестер сити и Манчестер јунајтед со 14 поени. Вотфорд се 15. со само 7 освоени поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Промовирана мобилна апликација за зајакнување на полицијата во постапување на случаи на родово базирано и семејно насилство
-
Нормализиран сообраќајот на патот Штип-Кочани
-
Пронајдена дрога при претрес во Прилеп, приведено едно лице
-
Премиерот Мицкоски во посета на Кавадарци
-
Загина пешак кај кочанското село Тркање
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално Собрание на ОН во Њујорк
-
Хезболах објави дека уште еден висок командант е убиен во израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут
-
Расходите на Харис во август во кампањата се три пати поголеми од оние на Трамп