-->
-->
Петок е неработен ден
-->
Министерството за труд и социјална политика соопштува, дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија (,,Службен весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 17 јуни 2016 година (петок), Духовден, петок пред Духовден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
Ова се останатите неработни денови во 2016 година
За сите граѓани на РМ:
- 7 Јули (четврток) Рамазан Бајрам, прв ден на Рамазан Бајрам
- 2 Август (вторник) Ден на Републиката
- 8 Септември (четврток) Ден на независноста
- 11 Октомври (вторник) Ден на народното востание
- 23 Октомври (сабота) Ден на македонската ревулуцинерна борба
- 08 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед:
- 17 Јуни (петок) Духовден, петок пред Духовден
- 28 Август (недела) Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед:
- 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци
- 25 декември (недела), првиот ден на Божиќ
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 13 септември (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
- 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
- 12 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
- 28 септември (среда), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
- 21 декември (среда), Ден на настава на турски јазик
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп се пошегува со американските астронаути заглавени на МВС
-
Цените на нафтата продолжуваат да се намалуваат на почетокот на новата недела
-
Северна Кореја истрела балистички ракети кон Жолтото Море
-
ЦУК: Зголемен бројот на противпожарни интервенции, за викендот 60 пожари на отворено
-
Имотен лист од сега достапен на националниот портал - uslugi.gov.mk
-
Собранието неделава со интензивна агенда, понеделнички собраниска седница и заседанија на седум комисии
-
Трамп: Украина може да „не ја преживее“ војната дури и со наша помош
-
Марк Карни ќе го замени Трудо како премиер на Канада