Одбележан Светскиот ден на револуција во исхраната 2016 во Македонија
Со подготовка на здрав појадок од зелена салата и јаткасти плодови, 20-тина ученици од Средното училиште „Димитер Влахов“ и Здружението за деца со даунов синдром „Трисомија 21“- Скопје го одбележаа светскиот Ден на револуцијата во исхраната „Food Revolution Day 2016“.
Според професорката Елена Стојановска, која е дел од амбасадорите на „Food Revolution“ од Македонија, проектот за одбележување на светскиот ден на револуција во исхраната се спроведува во училиштата поради тоа што децата се најранлива категорија кога се работи за неправилна исхрана.
- Кампањата трае во текот на целата година, а денеска е одбележувањето на глобалното движење коешто се залага за подобрување на начинот на исхрана во градинките и училиштата. Најранлива група се децата и учениците кои немаат голем избор, додека не им покажеме ние возрасните како правилно да се хранат, истакна Стојановска.
Нагласи дека училишните деца во текот на наставата одбираат да јадат нешто што не е корисно од нутритивен аспект и дека за тоа е потребно навреме да им се укаже. Таа упати апел да се вклучат и родителите да им помогнат на децата да им покажат која храна треба да се конзумира.
Проектот е поттикнат и започнат од готвачот Џејми Оливер, кој има отворена петиција за револуција во исхраната која би требало најпрво да отпочне во градинките и во училиштата.
Целта на проектот е да се намали бројот на светската популација со прекумерна тежина, како и болестите што тие ги носат со себе.
Ново на Сител
-
Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода
-
Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба
-
Денес продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Американскиот државен секретар на својот турски колега му ја изрази загриженоста од апсењата и протестите во Турција
-
Трамп: Можно е Русија и Путин да одолговлекуваат со мировниот договор
-
Најмалку 22 загинати во шумските пожари во Јужна Кореја
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Приведен дрвокрадец од скопско