Уметникот Велимир Жерновски на резиденциски престој во Австрија
Уметникот Велимир Жерновски овој месец остварува резиденциски престој во Грац, Австрија, како дел од програмата на проектот West Balkan Calling. Престојот на Жерновски го организира „Rotor“ - Асоцијација за современа уметност од Грац, во соработка со Проектниот простор Прес ту Егзит.
Прес ту егзит за овој резиденциски престој предложи десет македонски уметници од помладата генерација од кои, по одлука на меѓународно жири, беше поканет Велимир Жерновски. Возвратно, кон крајот на август, Проектниот простор Прес ту егзит го очекува пристигнувањето на австрискиот уметник Волфганг Обермаир на едномесечен резиденциски престој во Скопје.
- Велимир Жерновски се изразува преку изработка на објекти цртежи, видеа и фотографии, преку кои ги истражува промените во урбаната култура и прашањата поврзани со сексуалноста и родовиот идентитет, како и прашањата поврзани со постојаната транзиција, како на личниот, така и на идентитетот на сопствената генерација, соопшти Прес ту Егзит.
Велимир Жерновски има остварено неколку самостојни изложби во Македонија и Европа и учествувал во повеќе меѓународни проекти и културни соработки, Од 2008 година е коосновач и претседател на Ф.Р.И.К (Формација за развој на иницијативи во културата), програма што работи на мотивирање на социјално ангажирана културна продукција ослободена од секаков вид стереотипи и предрасуди.
West Balkan Calling, која ќе се реализира во текот на 2016 година, е програма за уметничка размена и резиденциски престои меѓу шест уметнички институции од Југоисточна Европа (во Скопје, Тирана, Сараево, Приштина, Цетиње, Белград) и пет уметнички институции од Австрија.
Здружението за современа уметност и кураторски практики „Проектен простор Прес ту егзит“ - Скопје е основано во 2004 година од уметниците Јане Чаловски и Христина Иваноска како посебна програмски базирана уметничка иницијатива за истражување и продукција во областа на визуелните уметности и кураторските практики.
Ново на Сител
-
Цените на угостителските услуги во јануари на годишно ниво повисоки за 5,8 отсто
-
Каматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки остануваат непроменети
-
Стабилно време со студени утра во наредните денови
-
При претрес кај 20-гoдишник пронајден калашников
-
Автомобил удрил во 66-годишна жена, завршила со тешки телесни повреди
-
ЈО: Претреси на повеќе локации - сомнежи за мито и проневери во службата
-
Акција: МВР врши претрес во зградата на МВР
-
Приведен екс директорот на СОЗР - се вршат претреси во неговиот дом