Скандал: Жерновски и Богдановиќ го превработија „Паркинзи Центар“
Постојано говорат дека се залагаат за департизирана администрација, но за само 2 години Андреј Жерновски и Саша Богдановиќ во “Паркинзи Центар “ вработиле 67 лица по партиско-роднинска релација. Продолжува скандалот со партиските врабоптувања во Општина Центар.
Директорот на „Паркинзи Центар“, Саша Богдановиќ го поставил својот кумашин Ѓорги Димитриевиќ за раководител на Сектор во јавното претпријатие.
Жерновски и Богдановиќ во “Паркинзи Центар“ го вработиле и бившиот советник на СДСМ во општината, Александар Цветановски Бабуш, кој сега во “ ПОЦ“ е одговорен за внатрешна контрола, тој стана познат во јавноста затоа што се фотографираше со оружје.
Ја вработиле и ќерката на актуелниот советник на СДСМ во Центар Никола Георгиевски, Ана Георгиевска.
И фамилијата на веќе добро познатиот Дејан Тодоровски Гзе си го нашла своето место во прегратката на Жерновски и Богдановиќ. Тој беше познат по скандалот кога во кафeани наместо од својот џеб плаќаше од општинските пари. Но Жерновски и Todorovski не запираат тука, од пред некое време братот на Гзе, Бранислав Тодоровски работи во “Паркинзи Центар“, а во општина центар е вработена и Јулијана Михајлова која е ќерка на сопругата на Гзе.
Паркинзите на центар и без овие 67 доминантно партиски вработени, функционираа нормално, сега како што велат познавачите, институцијата страда од пренатрупаност.
Во “ПОЦ“ се вработил и Никола Савовски кој беше кандидант за советник на листата на СДСМ а неговиот татко, Ратко Савовски, е раководител на сектор во општината.
Во Паркинзи Центар се вработил и поранешниот претседател на СДСМ Центар Фјодор Доброхотов, кој остана запаметен во јавноста како директор на Македонски Шуми кој беше осомничен за проневера на над 2 милиони евра.
Во Центар се вработиле и поранешната советничка на СДСМ Кети Стерјова и поранешниот директор на Државна Статистика од СДСМ СДСМ Данчо Герасимовски.
Сител во последните 3 дена објави десетици имиња на роднини на високи функционери на СДСМ, истакнати активисти на партијата и соработници на највисокото раковотство, кои партиски се вработиле во општина центар.
Од Општина Центар не ги демантираа објавените информации.
Љупчо Златев
Ново на Сител
-
„Фајненшл тајмс“ дознава за конкретните барање на Путин на преговорите со Трамп за Украина
-
Нетанјаху испраќа високи преговарачи на разговорите во Катар за постигнување договор за заложниците
-
Силекс ги почна подготовките
-
Околу 50 повредени во судир на два трамваи во Стразбур, петмина потешко
-
ИДФ изврши напад со дронови врз група оперативци на Хамас кои оперирале од поранешно училиште
-
Папата Франциск упати сочувство до жртвите од пожарите во Лос Анџелес
-
Шолц и официјално избран за кандидат на СПД за германски канцелар
-
Неуспешен обид за грабеж на маркет во Карпош