Да се овозможи законска примена на дронови во земјоделството, бараат агробизнисмените
Да се овозможи законска примена на дронови и други видови современи летала во земјоделството за третирање на производните површини со заштитни средства, бара Агробизнис комората при Сојузот на стопански комори.
Ваквата иницијатива, првично поднесена од неколку субјекти, а сега поддржана и од Комората, е веќе доставена до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Како што беше речено денеска на прес-конференција, досегашното пробно користење на дроновите за оваа намена даде одлични резултати и покажа дека е многу поевтино, чини четири до пет евра за хектар, додека авионското третирање е околу 40 евра. Аплицирањето на препаратите со дронови е воедно и исклучително прецизно што ги намалува трошоците и го прави производството многу поевтино.
- Примената на нови технологии е неопходна особено за заштита од климатските промени кои стануваат се поевидентни, а допрва се очекува и нивно заострување. Сушите и поројните дождови ќе стануваат почести што значи и поголем ризик за земјоделството, истакна претседателот на Агробизнис комората Огнен Оровчанец.
Нови технологии, додаде, веќе се применуваат во повеќе земјоделски сектори преку воведување нови сорти или системи за рационално искористување на водата за наводнување како што е „капка по капка“.
- Целта е обезбедување стабилно производство и сигурни приноси преку минимизирање на ризиците. Во сите сектори од земјоделството има простор за воведување нови технологии независно дали се работи за стопанства или за индивидуални производители, рече Оровчанец.
Осврнувајќи се на производните резултати изминатиот период, Оровчанец нагласи дека 2015 година во однос на житните култури беше најлоша токму поради сушите и поплавите што зафатија одредени региони од државата. Ожнеани беа 75.000 хектари пченица наместо 85.000 - 95.000 тони што е вообичаено, а реализиран беше и најголемиот увоз, 97.538 тони пченица и 47.835 тони брашно, главно од Србија. Откупот од 49.571 тон заедно со увезените количини достигна 215.513 тони пченица.
Оваа година, оцени Оровчанец, се очекува да биде добра, но само ако агротехничките мерки од кои дел се веќе во тек, завршат навремено, до крајот на мај.
Лани во Македонија беа засеани вкупно 75.316 хектари пченица, од кои 13.996 во земјоделските стопанства, а 61.320 од индивидуалните земјоделци. Вкупните потреби од лебно жито се околу 330.000 тони.
Ново на Сител
-
Макрон по средбата со Зеленски: Европа стои зад Украина
-
Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците
-
Двајца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Италија | ФОТО
-
Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
-
Маж брутално тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“ во Радовиш | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-
Една сезона може да биде и 1 милион евра | Игор Стефановски - Иџе | Sitel Podcast 086
-
Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
-
Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри