Меѓународна Конференција за зајакнување на парламентарниот надзор во промоција и заштита на човековите права
Во Собранието денеска ќе се одржи меѓународна Конференција „Поврзување на политиката и праксата: Зајакнување на парламентарниот надзор во промоција и заштита на човековите права“.
Како што се посочува во најавата за настанот, оваа меѓународна конференција е замислена на едно место да ги собере националните парламентарци, граѓанските организации, владините претставници и меѓународните експерти. Таа има цел да го премости јазот помеѓу политиката и практиката преку создавање наменски форум за дијалог. Тоа ќе обезбеди можност да се споделат најдобрите практики, да се дискутираат предизвиците и да се развијат препораки коишто ќе овозможат законодавната гранка да игра попроактивна улога во надзорот на човековите права - суштинска состојка и за успешен пристап во ЕУ и за цврсто демократско владеење.
Воведни обраќања на конференцијата ќе имаат Симонида Кацарска, директорка на Институтот за европска политика - Скопје, претседателот на Собранието Африм Гаши, народниот правобранител Насер Зибери, генералната секретарка на Собранието Марина Димовска, заменик шефот во Делегацијата на Европската Унија Бен Нупнау.
Планирани се два панела и тоа за „Зајакнување на парламентарниот надзор над човековите права и интегрирање на меѓународните механизми“ и за „Развивање препораки за акција: Зајакнување на улогата на парламентот во заштитата на човековите права и поттикнување на партнерства за соработка“.
На панелите ќе се обратат пратеници, претставници на министерствата, како и на граѓанскиот сектор од земјава и од странство.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска