Кривична пријава против правно лице, во ceф соба биле пронајдени 382 кутии со марихуана
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, до ОЈО Струга, поднесе кривична пријава против И.Б.(58) од с.Велешта, струшко и против правно лице лоцирано до с.Драслајца, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 95-в став 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци.
Како што соопшти МВР првопријавениот, во својство на управител на правното лице, постапил спротивно на одредбите на член 29 б и член 62 од Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции на тој начин што без ниту едно вработено лице склучил договор и набавил сув цвет од канабис.
И.Б. за договорот не го известил Министерството за здравство, не обезбедил 24 часа физичко обезбедување, 24 часовен видео надзор, не обезбедил соодветни мерки за обезбедување на складираниот канабис.
По извршена контрола, од Комисијата за оценување на исполнетоста на условите во однос на простор, опрема и кадар за одгледување на медицински канабис при Министерството за здравство и од Владата на РСМ изготвен е Записник за увид на лице место и донесена е одлука за престанок на важење на одлуката за согласност и решението за давање на одобрение за одгледување канабис за медицински цели на правното лице, по што складираниот сув цвет канабис е одземен и предаден на Агенција за управување со одземен имот, додаваат од МВР.
Со судска наредба бил извршен и претрес во простории на правното лице и биле пронајдени документи за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од кривично дело и во посебна ceф соба биле пронајдени 382 картонски кутии со марихуана, кои се одземени и предадени на Агенција за управување со одземен имот.
Ново на Сител
-
Зголемен бројот на странски турсити, намален на домашните
-
Синер: Титулата на Вимблдон е остварување на сонот
-
Нетанјаху му ветил на министерот Смотрич, по 60-дневниот прекин на огнот во Газа, ќе се врати во војната за да го уништи Хамас
-
Една од најславните епопеи: Битката на Ножот - 118 години
-
Во градинките и центрите за ран детски развој лани биле згрижени 37 871 дете
-
ЦУК: Активни пет, изгаснати 19 пожари
-
Биткоинот за првпат во историјата над 120.000 долари
-
Продолжува амандманската расправа за ребaлансот на Буџетот