Одземена лиценцата на девет угостителски објекти
Од вкупно 23 правни субјекти со активна лиценца во делот на угостителството, кај 17 се утврдени неправилности. Од нив, на девет им се одземени лиценците, а кај осум се утврдени неправилности за исполнување на минималните технички услови кои треба да ги отстранат во одреден рок.
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска на прес-конференција посочи дека овој рок им е даден затоа што инспекторите од Пазарниот инспекторат утврдиле дека се работи за технички услови кои може да бидат отстранети, а доколку тоа не го сторат тоа, лиценците ќе им бидат одземени.
- Контролите од ДПИ покажале дека може да се отстранат неправилностите и даден им е рок за отстранување, рече Дурмиши.
Во однос на Законот за угостителска дејност, Дурмиши информираше дека работна група веќе работи на измени на Законот и дека во опција се две можности - контролите да ги прави Пазарниот инспекторат или Комисија која ќе биде формирана од надлежни институции.
Со измените направени во 2008 година, се дозволи сопствениците на угостителски објекти под морална одговорност да потврдат дека ги исполнуваат мининалните технички услови за работа и тие податоци да ги доставуваат до Пазарниот инспекторат.
Измените на Законот беа иницирани по големата трагедија која се случи во Кочани по што се утврди дека дискотеката работела без да ги исполни минималните технички услови.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска
-
ОЈО почна истрага за членот на „Десна“ кој се ослободил од пиштолот со кој Палчо пукал
-
Кумановец возел со 2,37 промили алкохол во крвта па удрил во паркирано возило
-
Уапсени двајца возачи, едниот возел со 1,90 промили алкохол, другиот со 1,60 промили алкохол во крвта
-
Јаневска: Воведување на вештачката интелигенција е следен чекор во процесот на дигитална трансформација на образовниот систем
-
Приведена бегалка од затвор, вратена е во КПУ Идризово
-
МЗ: Комисијата не најде грешка во работењето на Болница во Кавадарци во врска со починатото дете
-
Кривична пријава против правно лице, во ceф соба биле пронајдени 382 кутии со марихуана