Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
Уште седум полициски службеници ќе бидат приведени во врска со трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вечерва изјави дека има издадено наредба за приведување на нови седум полициски службеници кои во текот на утрешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.
-Во моментот ми јавија дека има судска наредба за приведување на нови седум полициски службеници и во моментот трае нивното приведување. Во текот на утрешниот ден ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка, рече Коцевски во интервју за телевизија Телма, не сакајќи да изнесува повеќе детали во интерес на истрагата.
Државниот јавен обвинител не ја исклучи можноста да бидат приведени и други полициски службеници до завршување на истрагата.
Претходно, беше поведена истрага за седум полициски службеници.
Во пожарот во дискотеката во Кочани загинаа 61 лице, а 193 беа повредени.
Ново на Сител
-
Тепачка во бугарскиот Парламент поради одлуката за преминување на евро | ВИДЕО
-
Јадар во Србија меѓу 13 стратешки проекти на ЕУ со критични минерали
-
Трамп разговарал со Путин - не бил разговор што „ќе доведе до моментален мир“
-
Захарова: Западот е соучесник во украинските напади врз цивилни цели во Русија
-
Новите кадровски решенија на Владата на дневен ред на собраниска седница во понеделник
-
Побаран вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци
-
Париз домаќин на преговорите за трговија меѓу САД и ЕУ
-
Министерот Мисајловски во Брисел на состанок на министри за одбрана на НАТО