УХМР: Зголемен водостостојот на реките
Зголемен е водостојот на поголемиот дел од реките споредено со априлскиот просек. Мерењата на Управата за хидротеоролошки работи (УХМР) утрово во 07:30 часот покажуваат дека е зголемено нивото на Вардар кај Јегуновце, Скопје Железнички мост, Лепенец, Велес и Демир Капија.
УХМР регистрира зголемен водостој и на Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Пелинце и Катлановска Бања, Бабуна кај Богомила, Брегалница кај Берово и Штип, Црна Река кај Новаци, ...
Нивото на Дојранското Езеро е 55 сантиметри под договорениот минимум.
Поради обилните врнежи од дожд, во текот на вчерашниот ден регистрирани се локални излевања на река Маркова на неколку места по течението на реката. Во текот на денот, според Центарот за управување со кризи, се очекува, постепено намалување на водостојот, стабилизирање на состојбата со водостојот и постепено повлекување на водата. Значително е висок водостојот на река Вардар по целото нејзино течение, од горниот дел во Полошката котлина, во градот Скопје и низ Водно накај Велес во средниот и долниот дел од сливот во Демир Капија и Гевгелија. Во текот на денот се очекува и понатаму да остане висок водостојот, посебно во средниот и долниот дел од сливот, каде би се префрлил водниот бран.
Висок бил и водостојот на Треска, каде околу месноста Пласница, можно било локално излевање на реката и поплавување на околните ливади.
- Во текот на денот се очекува постепено стагнирање на водостојот на реката Треска, но, тој да продолжи да биде висок. Исто така, висок е водостојот на река Струмица по целото течение на реката, а пред сѐ поради врнежите во Косово и река Лепенец бележи зголемен водостој во текот на изминатава ноќ и изутринава, што во текот на денот се очекува да биде во намалување. Доколку денеска, на одредени места, врнежите бидат поројни, можно е да се очекува брз и рапиден пораст на водостојот на помалите реки и суводолици, информираат од ЦУК и советуваат внимателно движење покрај реките и суводолиците.
Според УХМР, во Крушево наврнал воден талог од 36 литри на квадратен метар изминатите 24 часа, до седум часот.
Триесет и два литри на квадратен метар во Маврови Анови, 29 на Попова Шапка, 21 - Демир Капија, 14 - Тетово, Пожаране, Гевгелија, Кавадарци, 13 - Битола, Велес, 12 - Пожар-Радовиш, 11 - Тополчани, 10 - Скопје-Петровец, 9 - Прилеп, Штип, 6 - Скопје-Зајчев Рид, Берово, Лазарополе, 5 - Претор, Струмица, Куманово, 3 - Виница, 2 - Крива Паланка, покажуваат податоците на УХМР.
Дожд се очекува и во текот на денов, проследен со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура, според најавата, ќе биде во интервал од 11 до 18 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе достигне до 15 степени Целзиусови.
Ново на Сител
-
Средба на министерот Муцунски со комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос
-
Почина Инес, јагуарот од скопската ЗОО
-
247 санкционирани возачи денеска во Скопје, еден возач лишен од слобода за безобзирно возење
-
Тошковски: МВР ќе постапува против секој за кој постојат докази дека сторил кривично дело
-
Вучиќ верува дека следната недела ќе биде избрана новата влада во Србија
-
Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници
-
Кривична за штипјанец, возел со 1.5 промили алкохол
-
Исчезнато 15-годишно девојче од скопско Кадино