Македонија
25. February 2025 - 16:35

Влада ги отфрли доказите на СДСМ за работењето на Меџити - немало злоупотреба на положбата

СДСМ поднесе документи до владата со обвинувања дека вицепремиерот Изет Меџити ја злоупотребувал положбата и покпишувал документи иако ги изгубил таквите ингеренции. Од владиниот кабинет експресно ги отфрлија, биле шпекулации и неточни информациите дека Меџити спроведувал одлуки по своја волја. Инспекцискиот надзор кој е пракса воведена во 2017-та не утврдил прекршувања.

Владата ги провери и затоа ги отфрла шпекулациите и неточните наводи изнесени од СДСМ и ДУИ во врска со работата на Министерството за животна средина и просторно планирање. Инспекцискиот надзор спроведен од Управниот инспекторат се однесува на аспекти на архивското работење и не утврдил незаконско постапување. Оваа административна пракса на работа е воспоставена уште во 2017 година и континуирано се применувала под раководство на министри од СДСМ и ДУИ во претходните влади.

Повикувајќи се на документите коишто ги поседуваат, од СДСМ велат дека Државниот управен инспекторат констатирал неправилности во работењето и ги одзел ингеренциите на Меџити да потпишува административни документи.

Меџити демантира – не му биле одземени ингеренции. Обвини дека СДСМ и ДУи оркестрирано сакаат да наметнат скандал кој не постои.

Пратениците на Влен по примерот на СДСМ денеска им однесоа документи на Бихаќка за да покажат дека инспекцискиот надзор е пракса воведена во нивно време.

По отфрлањето на доказите од Влада СДСМ реагираат дека скандалозно е што Мицкоски за „пет минути“ ги проверил документите и јасно е дека го штити Меџити. Бараат ДКСК да поведе постапка, а обвинителството итно да постапи по допрен глас.