Македонија
13. February 2025 - 16:47

Власта го продолжува работниот век на постојните судии до 67 години

Судиите и јавните обвинители наместо на 64 години ќе можат да заминат во пензија дури на 67 годишна возраст. Владејачкото мнозинство преку измени во законот за работни односи го продолжува мандатот на првосудните органи иако најавува коренити реформи во овој ресор.  Според власта причината за продолжување на работниот век е недостатокот на судии и јавни обвинители од една страна, и потребата од брза борба со корупцијата од друга страна. 

Од опозицијата реагираа дека измените се дискриминаторски, а продложувањето на мандатот на судиите треба да с енаправи со други закони.

Се прават измени и на Законот за народен правобранител со кои се дава можности омбудсманот да биде разрешен и ако  не е во можност да ја извршува функцијата повеќе од шест месеци поради болест. И на ова реагираа од опозицијата.

Од власта велат дека се работи само за допрецизирање на одредбите и дека разрешувањето на омбудсманот дури и поради болест се прави со апсолутно мнозинство и Бадентер.

Измените на двата закона веќе го пројдоа вториот филтер во собраниските комисии и се чека на нивно конечно усвојување.