Во сезоната на грип евидентирани повеќе од 11 000 случаи
Пикот на грипот трае а бројот на новорегистрирани и понатаму е четирицифрен. 2880 случаи на заболени биле пријавени во Инстиутот за јавно здравје во периодот од 3 до 9 февруари. Тоа е нешто помалку од претходната недела, но двојно повеќе во споредба со истиот период лани.
Од новите случаи повеќе од 1000 се деца до 14 годишна возраст.
- Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има широка географска активност на вирусот на грип. Процентот на позитивност е над границата од 10% пет недели со ред. Како Институт за јавн оздравје апелираме да се почитуваат препораките за заштита од грип, вели Марија Андоновска, директор на ИЈЗ.
Големите бројки на заболени значат и повеќе хоспитализации. Во Козле и на Детска клиника со денови имаат големи гужви а кај децата освен грипот доминираат и други респираторни инфекции.
-Овој период преполни се и амбулантите и болничките одделенија. Кај еден дел од пациентите, посебно помалите но и повозрасни деца кои имаат покомплицирани и потешки воспаленија, имаат потреба од кислородна поддршка, вели д-р Весна Мицевска, педијатар- пулмолог од Клиника за детски болести.
Поради гужвите и големиот број на болни, изминатите денови клиниките и болниците добиле уште едно известувбање од Министерството за здравство за забрана за посети како и почитување на превентивните мерки за заштита.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар