Средба на Сиљановска - Давкова со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска одржа средба со директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Оливера Трајковска. На средбата соговорничките укажаа на потребата од превенција, навремено сузбивање и санкционирање на верскиот радикализам.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката, Трајковска и Сиљановска-Давкова ја потенцираа важноста на религиозниот соживот, заснован врз взаемна почит и соработка за градење хармонично и мирно општество.
-На средбата, претседателката беше информирана за плодната соработка меѓу овој важен самостоен државен орган и лидерите на црквите, верските заедници и религиозните групи. Во функција на претстојните образовни реформи, директорката Трајковска изрази став дека со основните етички норми, учениците треба да бидат запознаени од страна на одделенските наставници од прво до петто одделение, се вели во соопштението.
Трајковска предложила воведување на изборен предмет Етика во текот на четирите години, од шесто до деветто одделение, којшто ќе ја интегрира не само религиозната, туку и филозофската, социолошката, логичката, психолошката и етичката димензија. Според неа, предметот Етика би можеле да го предаваат и теолози.
-На крајот, претседателката ја истакна исклучително важната и одговорна улога на Комисијата во уживањето на слободата на вероисповеста и овозможувањето правна еднаквост на религиозните субјекти, потенцираат од Кабинетот на претседателката.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.