За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
Регулаторна комисија за енергетика до крајот на неделва ќе треба да одлучи дали скопјани ќе добијат поскапо парно сред грејна сезона. Седницата се уште не е закажана, но во јавност ЕСМ веќе потврди дека ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ
Производство во РКЕ пријавиле поголеми трошоци за топлинската енергија од оние на почетокот на сезоната поради што бараат и покачување. Доколку Регулаторна во целост ги уважи пријавените трошоци на призводителот и дистрибутерот тогаш цената на парното во Скопје би можела да се зголеми од 10 до 11 отсто.
ЕСМ Дистрибуција пријавила дека трошоците им се зголемиле за речиси 13 отсто, додека пак, на ЕСМ Производство за дури 20 отсто и тоа поради зголемените трошоци за набавка на гориво – гас. Тоа, според компаниите ја зголемува и цената на произвдство на топлинската енергија, а за ЕСМ покачувањето е неопходно за да се одржи стабилноста на снабдувањето со топлина и за да се обезбеди континуирана услуга за потрошувачите.
На крајот од јули минатата година Регулаторот донесе одлука со која почнувајќи од августовските сметки ја намали цената на парното за 3,16%. Тогаш Бислимовски рече дека се наоѓаме во период на стабилизација на цените на енергенсите.
Во Скопје на системот за парно греење се приклучени 63.000 домаќинства.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар