Македонија
21. January 2025 - 13:10

Му кажале дека има 17.000 долари на сметка но за да ги подигне треба да внесе пари, 58-годишник измамен во Тетово

Вчера во 17.00 часот во Полициското одделение Групчин, 58 – годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од В.П. за сума од 153.577 денари.

Според пријавеното, на 18.01.2025 лицето му се јавило и го известило дека на неговата сметка има прилив од 17.000 долари и доколку сака да ги подигне треба да внесе пари.

Како што е пријавено, на 20.01.2025 на неговата сметка ги ставил парите, по што лицето повторно му се јавило и му ги побарало корисничкото име и лозинката од мобилната апликација. Исто така, според пријавеното, откако после тоа не можел да пристапи на апликацијата од банката бил известен дека нема никаков прилив и дека парите биле подигнати.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.