Рама: Тик Ток повеќе нема да постои во Република Албанија
Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека владата одлучила да ја блокира платформата Тик Ток.
На средба со родителите и наставниците околу новиот план за мерки за безбедност во училиштата, тој рече дека веќе е направен план за конкретни мерки за блокирање на Тик Ток.
Додаде дека Тик Ток ќе биде затворен една година, но за тоа ќе бидат потребни шест до осум недели.
-Ги направивме сите наши истражувања од технолошката страна и ќе ни требаат 6 до 8 недели почнувајќи од почетокот на следната година и за 1 година целосно ќе го затвориме за сите. Во Република Албанија повеќе нема да има Тик Ток. Потоа во текот на оваа година ќе видиме какви мерки ќе преземат другите земји или како може да реагира самиот Тик Ток. Тоа е наша должност, рече Рама.
Тој искажа целосна поддршка за министерката за образование, Огерта Манастирлиу, додавајќи дека “како што го подобри здравствениот, така ќе го подобри и образовниот систем“.
Презентирајќи го Новиот акциски план, иницијатива на Министерството за образование за зголемување на безбедноста во училиштата, министерката Манастирлиу истакна дека овој чекор е дел од пакетот мерки што го развиваат Националната управа за сајбер безбедност и Националната агенција за информатичко општество.
Според неа забраната за Тик Ток е мерка поврзана со напорите да се зголеми физичката и дигиталната безбедност во училиштата и да се заштитат децата од негативните ефекти на социјалните мрежи.
-Со цел да ја зголемиме физичката и дигиталната безбедност во училиштата и влијанието што го носат социјалните мрежи, како и ангажманот на децата, решивме да ја блокираме платформата Тик Ток, врз основа на пакет мерки на кои работат надлежните органи, изјави таа.
Албанија е прва земја во регионот која го блокира Тик Ток, што е платформа за кратки видеа, во сопственост на кинеската интернет компанија БајтДенс.
Ново на Сител
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар