Работилница за здрава храна во градинките во Гостивар
Во градинката „Пролет” во Гостивар претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство ги презентираа основите на исхраната, безбедноста на продуктите и личната хигиена како предуслов за добро здравје. На работилницата присутвуваа заменик директор на Агенцијата за храна и ветеринарство Абдулезел Догани, и претставници од локалната самоуправата на Општина Гостивар.
Децата од предшколска возраст се запознаа со придобивките од здравата храна и учеа што е здрава храна, кои производи содржат витамини потребни за нивното здравје, што треба да јадат и која храна да ја избегнуваат.
Работилницата ја организраше Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на проектот „Од фарма до трпеза, од нива до вилушка“ чија цел е едукација на населението за правилна исхрана.
- Досега имаме одржано 15-тина работилници во општина Центар и Кисела Вода, а сега на ред е општина Гостивар. Со овој проект сакаме на децата да им помогнеме како да се хранат и како да се заштитат. При тоа им укажажуваме и на кој начин да пријават кај воспитувачите или родителите кога ќе почувствуват тегоби и на тој начин да превенираме последици по нивното здравје, рече Абдулезал Догани, заменик директор на Агенција за ветеринарство и храна
Директорката на градинките Наташа Саздова, информираше дека во гостиварските градинки децата добиваат два оброка и ужинка и нагласи дека со оглед на тоа дека се работи за најмладата популација, храната и менито се подготвуваат според посебни критериуми и стандарди.
Со денешната работилница за здрава храна во градинките „Пролет“ и „Цветови“ во Гостивар беа опфатени стотина деца од групите на македонски и на албански јазик.
Ново на Сител
-
Синер го одбрани трофејот на Австралија Опен
-
Обемен струк значи поголема опасност од рак
-
„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси С25“, „С25+“ и „С25 ултра“ паметни телефони
-
70 годишен кумановец натепал помлад сограѓанин пред казино
-
Собраниска делегација на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
-
На вчерашните протести во Солун и Атина приведени вкупно 35 лица
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателот на Собранието на Црна Гора
-
Македонска вечер во Хамбург од хуманитарен карактер за изградба на нова црква