Компаниите и владата мора заедно да работат за дигитална трансформација
Само 12% од македонските фирми имаат вработено ИТ експерти, наспроти европскиот просек кој е 20%. Надлжените сметаат дека во иднина речиси секоја компанија ќе мора да има вработено барем еден информатичар доколку сакаат да останат компетитивни на пазарот.
Но за дигитална трансформација на општеството владата мора да работи заедно со бизнисот. Од Американската стопанска комора велат безбедната дигитална безбедност е колективна одговорност.
-Бизнисите мора да имплементираат во своите процеси и во градењето на одржливи процеси, а истовремено владата мора да работи рака под рака со бизнисот се со цел да создадат инклузивен дигитален свет за сите.
Од Американската амбасада велат дека дигиталната трансформација е сложено патување. Заменик-амбасадорката на САД во земјава вели дека токму таа трансформација ќе помогне во борбата против корупцијата, но ќе го забрза и економскиот раст.
-Компаниите мора постојано да иновираат и да изнаоѓаат решенија за да останат конкурентни додека владите мора да одржуваат чекор со новите технологии и да адаптираат законите и политиките за да обезбедат заштита и да негуваат иновација, вели Никол Варнс, заменик амбасадорка на САД во земјава.
Но Македонија е единствена во поширокиот регион кој се уште ги нема донесено потребните закони и документи за заштита на интернет. Очекувањата се дека веќе следната година ќе бидат донесени сите.
-Сајбер стратегијата очекуваме да биде донесена на Влада, зашто таа е веќе изработена и донесена во декември. Законот за сајбер безбедност очекуваме да биде донесен до крајот на јануари 2025 година и паралалелно со завршување на Законот започнуваме со работа и за тестирање на минимум стандардите коишто со британската амбасада веќе ги развиваме, но и со развој на овој план за инциденти. Мислам дека до средината на идната година ќе ги имаме сите можни документи изработени и ќе бидеме длабоко навлезени во реализација и исполнување на стратешките преиоритети коишто сме ги зацртале во овие документи, вели министерот Стефан Андоновски.
Неколку македонските институции во минатите години беа мета на сајбер напади. Немањето систем за сајбер безбедност ги принуди властите да бараат помош од приватните експерти за сајбер безбедност. Центарот за сајбер безбедност со кој ќе раководи Министерството за дигитална трансформација треба да даде брз одговор на сите идни напади.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар