Поднесена декларација во бугарското Собрание, се бара ЕУ да ги осуди навредите кон бугарските политичари
Европската унија да ги осуди навредите кон бугарските политичари. Ова го бара лидерот на крајнодесничарската бугарска партија Преродба Костадин Костадинов во декларацијата која денеска ја поднесе до бугарското собрание.
Испровоциран од изјавите на вицепремиерот Александар Николовски, со документот се бара Европската Унија и Европската комисија да ги осудат, како што се наведува, навредливите квалификации со кои Бугарите ги нарекува „недостојни“, „мизерни“ и „нецивилизирани“, а бугарските политичари „маргиналци“ и „корумпирани“.
„Се нагласува и дека и покрај прифатениот т.н. француски предлог, ‘постои опасност преговарачкиот процес за проширување на ЕУ повторно да биде во застој поради едностраното неисполнување на обврските и роковите од страна на РСМ’. Се инсистира на прецизно разгледување на сите аспекти околу можното одвојување на Албанија од С Македонија во преговарачкиот процес за членство во ЕУ што очигледно ќе придонесе за побрза интеграција на Албанија, а на С Македонија истовремено би ѝ овозможило да избегне ескалација на политичката тензија поради потребата да се израмни со брзината на Албанија“, стои во текстот на документот кој го пренесуваат бугарските медиуми
Како навреда се наведува негирањето на заедничката историја помеѓу Макединија и Бугарија од страна на македонските функционери што според декларацијата е директно кршење на Договорот за добрососедство. Се потврдува и волјата на бугарската држава за заедничко чествување на историски личности и настани од како шти пишува богатата заедничка историја на двете држави.
Се наведува дека бугарското собрание декларира политичка намера и аспирација за завршување на изградбата на Паневропскиот Коридор 8 на бугарска страна, истовремено повикувајќи на одговорен пристап и навремена изградба на трасата и од македонска страна.
„Проектот инсистира на враќање на позитивниот дијалог прекинат од Република Северна Македонија и запирање на антибугарската кампања и провокативните изјави кон Бугарија во РСМ“, стои во текстот
Декларацијата Костадинов кој поради инциденти во центарот на Скопје има забрана за влез во земјава, ја поднесува по изјавите на вицепремиерот Николовски насочени кон пропустот со македонското знаме. Бугарските напади сепак не го предомислија Николовски кој им одговори дека нема оправдување за потегот на Рдаев.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар