Loading Video...
Свет
14. September 2024 - 16:30

Избори во САД: Камала Харис и Доналд Трамп во трката за мандат во Белата куќа

Камала Харис е во блага предност пред Доналд Трамп, покажуваат најновите податоци од националните анкети во САД. Харис е попопуларна кај гласачите за скоро 3 %, од републиканскиот кандидат за претседател.

Пред Џо Бајден да се откаже од претседателската трка,, водство на анкетите имаше Трамп. Тогаш неколку хипотетички анкети укажуваа дека ниту Харис нема да биде подобра кандидатка од Бајден.

Но, пресврт во процентите во корист на Демократите имаше кога Камала Харис ја започна нејзината кампања. Отттогаш, континуирано држи благо водство пред Трамп.

Дебатата меѓу претседателските ривали во Пенсилванија на 10 септември, која воедно претставува ниво прво соочување, а се поочигледно и последно, ја следеа 67 милиони Американци. Анкетата на Ројтерс покажува дека 53% од вкупно 1400 испитаници, кои слушнале нешто за дебатата или ја следеле целосно од почеток до крај, стојат на ставот дека издоминирала Харис, а 24% дека победил Доналд Трамп.

Дополнително, 48% од испитаниците одговориле дека Харис изгледа како некој со кој би имале неврзан разговор, а со Трамп тоа би го сториле само 32%.

Но американските политички експерти сметаат дека оваа дебата нема многу да влијае врз гласачите, оти најголемиот број на Американци и пред дуелот на претседателските ривали одлучиле за кого ќе го дадат гласот.

Гласачите во САД на петти ноември ќе одлучуваат дали републиканскиот кандидат по вторпат ќе седне во удобната претседателската фотелја или пак Американците ќе ја добијат првата жена претседателка.