Македонија
31. August 2024 - 16:32

Пожарите ќе доведат до недостаток на вода

Пожарите ќе предизвикаат суша и недостатоток на вода за пиење и наводнување. Огромната површина на изгорена шума од пожарите ќе остави трајни последици како економски така и еколошки кои влијаат на биодиверзитетот и нарушување на природната рамнотежа во природата.

За обнова на шумскиот фонд во зависност од видот на дрвјата и почвените услови потребни се од 30-50 години. Штетите од пожарите но и последиците допрва ќе се утврдуваат.

Екологистите  посочуваат дека пожарите се резултатат пред се на несовесниот однос на граѓаните кон природата штета која ќе ја плаќаат идните генерации и сметаат дека потребно е враќање на иницијативата за  масовното пошумување.