Loading Video...
Свет
17. August 2024 - 16:55

Преглед на вестите од светот

Тројца Бугарски државијани   се повредени по пукање и тепачка во попларен бар на плажа во Ханиоти  на грчкиот полуостров  Халкидики. Пет лица се уапсени и се трага по уште едно лице.  И упасените се бугарски државјани.  Инцидентот се случил доцна синоќа  околу  полноќ додека во барот имало музика во живо   и присутни биле и семејства со деца,. Причините за пукањето засега се непознати. Полицијата, како што пренесуваат   грчките медиуми,  не ја исклучува можноста за криминална пресметка меѓу спротивставени групи од Бугарија.

Украинските сили уништија стратешки важен мост на реката Сеим во рускиот регион Курск. Мостот се наоѓа во близина на градот Глушков и ги поврзува деловите од  Курск под контрола на Русија со деловите од регионот каде Украина напредуваше од почетокот на офанзивата на 6 август.  Руското министерство  за надворешни работи тврди дека  украинските сили користеле ракети од американско производство за да го уништат  мостот при што загинале „доброволци кои помагале во евакуацијата на цивилите“.

 Укрианскиот претседател Володимир Зеленски  изјави дека украинските трупи ги зајакнуваат своите позиции во Курск и дека од почетот на упадот на 6 август биле заземени 82 населени места на подрачје од 1.100 квадратни километри. Заземените територии  во иднина би можеле да бидат разменети за украински области окупирани од Русија вели Зеленски.  

И додека украинските сили се во офанзива на руска територија, руските трупи се доближуваат до градот Покровск во регионот Доњецк. Руските трупи сега се на десет километри од периферијата на Покровск.

Обединетите нации ги повикаа Израел и Хамас на  седумдневен  хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа за да можат повеќе од 640.000 деца под десет години да се вакцинираат против детска парализа во следните недели.  Неколку часа претходно палестинското Министерство за здравство обајви дека е регистран првиот случај на детска парализа  во Газа во последните 25 години.

Случајот се однесува на дете, всушност новороденче кое има само 10 месеци, а тој никогаш немал шанса да се вакцинира, бидејќи како и што  знаете  поради војната и поради уништувањето на повеќето наши здравствени установи, ова дете никогаш не доби шанса да добие две капки од вакцината  против детска парализа“.

Најмалку десет  луѓе загинаа, а петмина се ранети утрово при израелски воздушен напад врз станбена зграда во градот Набатие, јужен Либан, соопштија либанските власти.  Израелската војска тврди дека  цел на нападот   бил складиште за оружје што го користеле милитантите на либанското  движење Хезбалах. Во знак на одмазда, Хезболах истрела 55 ракети врз Северен Израел а израелските власти соопштија дека  во нападите нема жртви.