Македонија
27. July 2024 - 16:56

Таксистите избегнуваат кратки релации во Охрид

Туристите но и охриѓани и годинава се жалат дека таксистите наплаќаат двојно поскапо во текот на туристичката сезона. Но тоа не е најголемиот проблем голем е бројот на оние кои не сакаат да возат на пократки релации низ градот иако стартот е 100 денари или измислуваат паушални цени тие најчесто чекаат патници за поатрактивните локации Свети Наум ,Љубаништа ,Градиште и Пештани долж езерото.

Не само туристите и охриѓани реагираат на некоректниот некоректниот однос кој го имаат одредени таксисти во централното градско подрачје ,затоа голем дел од нив избегнуваат возење со такси, користат или свои возила или велосипеди или јавен превоз до плажите и околните села. Голем е бројот и на оние кои реагираат на социјалните мрежи споделувајќи најразлични непријатни ситуации со таксистите во Охрид

Таксистите пак не беа расположени да зборуваат пред камера само кажаа дека секоја компанија се справува на свој начин со проблемите.За жал ваквото несовесно однесување на поединци, е на штета и на самите таксистите и такси компании кои сериозно ја извршуваат дејноста, и негативно влијае на имиџот на градот.