Какви последици може да имаат злоупотребите во Академијата за судии и јавни обвинители?
Поранешната директорка на Академијата за судии и јавни обвинители не сака да ги коментира последните случувања во институцијата со која раководеше до пред некое време и сомнежите за криминални дејствија.
Интервенцијата на полицијата која ги чешла фиоките на академијата и прибира докази за евентуални нови кривични дела предизвика бројни реакции и кај експертската јавност. Поранешната судијка Маргарита Цаца Николовска за Сител вели дека секој кој се огрешил треба да одговара, но во оваа фаза не може да се коментира додека сомнежите за сторено кривично дело не се докажат.
Сепак Николовска е децидна дека оваа акција може да биде само дел од ланец на злоупотреби, особено по бројните реакции во јавноста при секоја генерација на нови судии и обвинители.
Со години Академијата која треба да избере квалитетни кадри кои ќе го гарантираат правото е на мета на критики поради имињата кои се це најдоа на конечната ранг листа на секоја генерација. Синови, ќерки, снаи, сопруги на поранешни и актуелни судии и обвинители, кои го поминаа филтерот и ја почнаа својата правосудна кариера.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар