Македонија
25. July 2024 - 16:39

Министрите Тошковски и Дачиќ ќе разговараат како да се намалат гужвите на „Табановце“

Колони возила и денеска на граничниот премин Табановце. Во ек на летна сезона - ова е секојдневната слика. Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, ќе разговараат како да го решат проблемот за патниците да не чекаат со часови на пеколни температури на меѓусебната граница. За оваа сезона дали ќе се реши проблемот, не ветуваат, ама министерот Тошковски ветува реформи и дигитализација на граничните премини. 

На Табановце денеска вообичаена гужва, но невообичаено брзо се поминува. 

Се чека 10-15 минути велат патниците. 

Министерот Тошковски замина на работна посета во Србија со неговиот колега Ивица Дачиќ, каде ќе разговараат за унапредување на полициската соработка и односите меѓу двете земји, но и дел од разговорите ќе бидат и токму гужвите на границите, а Тошковски најави и дека ќе се разговара за граничниот премин Миратовец- Лојане дали би можел да профункционира, со оглед на тоа што е обезбеден од страна на војската деноноќно.