Македонија
24. July 2024 - 12:20

Потребна е поголема безбедност на работните места за да се избегнат несакани последици

Повредените двајца пожарникари повторно го актуелизираа прашањето за безбедноста на работните места. Пожарникарството е ризична професија, но сепак треба за се преземат сигурносни мерки за да се избегнат несакани последици. Командирот на штипската ТППЕ Благој Ренџов и негов колега се здобија со скршеници на рацете откако паднале во дупка обидувајќи се да спречат огнот од старата градска депонија да се префрли на боровата шума. Ренџов е опериран и задржан во болницата на понатамошно лекување. Експертите за безбедност при работа сметааат дека треба да се преземаат поголеми заштитни мерки, посебно за ризичните професии.

- Пожарникарите се изложени на екстремни температури да кажеме и екстрмни температури и во зимно време. Пожарот во зимно време не се оладува, едноставно, 700 степени е во јадрото на пожарот и зависи кое гориво е. Значи тие се изложени на топлотно зрачење, инфрацрвено зрачење, и предизвиици и ризици кои се поврзани со нивната професија, изјави Милан Цепковски, експерт по безбедност и здравје при работа

На екстремно високи температури деновиве работат и градежните работници, каде исто така се чести повредите на работните места.

- Јас само можам да препорачам да си го отворат Законот за безбедност и здравје при работа и конкретно да го видат членот 11 кој конкретно зборува дека единствен одоговорен за безбедноста и здравјето на работните места е работодавачот, додава Цепковски

Според Цепковски, не постои универзално решение кое би било секаде апликативно, туку се носат посебни сигурносни мерки за поединечни професии и работни места.