Меси подготвен за полуфиналето со Канада на Копа
Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација Лионел Меси ќе биде подготвен за вечерашното полуфинале на Копа Америка против Канада во Њу Џерси, изјави селекторот на репрезентацијата Лионел Скалони.
Меси се врати на теренот во четвртфиналето против Еквадор, откако го пропушти последниот натпревар од групната фаза поради повреда. Тој го одигра целиот натпревар, но изгледаше дека не е подготвен физички.
Триесет и седум годишната ѕвезда на Интер Мајами промаши пенал за време на настапите на стадионот Хјустон.
-Лео е добро, па ќе биде дел од натпреварот, ние сме мирни околу тоа, изјави Скалони на својата прес-конференција во понеделникот. Неговото ниво, продолжи селекторот, е добро, тој е клучен играч за нас.
Аргентина и Канада ќе се сретнат по втор пат на турнирот по воведниот меч во групата А, кој го добија светските шампиони со 2-0.
Сепак, Скалони најави дека овој пат тој и канадскиот тренер Џеси Марш ќе бараат „нешто различно“.
-Сите тренери се обидуваат да ги поправат грешките и да го повредат противникот, изјави 46-годишниот стручњакот. Секој мора да направи нешто различно. Ќе се обидеме да ја задржиме топката и да ги спречиме да играат во нивен стил, додаде Скалони.
Во меѓувреме, четвртфиналето на Аргентина против Еквадор, добиено на пенали, беше најгледаниот фудбалски натпревар на Копа Америка во историјата на Фокс спортс со 1,87 милиони гледачи во САД. Тоа е 482% повеќе гледачи од четвртфиналето на Копа Америка во 2021 година.
Ново на Сител
-
Пукано кон канцелариите на Камала Харис во Аризона
-
ЦУК: 1.708 повици на 112 во последното деноноќие
-
Продолжуваат превирањата околу Предлог-законот за бранителите
-
Уставниот суд ќе одржи седница
-
Сиљановска Давкова заедно со претставници на земјите од Западен Балкан на работен ручек со еврокомесарот Борел
-
Зеленски скептичен за преговори со Русија
-
Трамп: САД треба да се повлечат од војната во Украина
-
Вучиќ ги обвини западните земји дека ги кршат нормите на ОН