Локализиран голем пожар на територија на општина Прилеп
Рeгионалниот Центар за управување со кризи - Прилеп информираше дека е локализиран опасен пожар зад објектите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ). Спасени се една фабрика и околни објекти во реон на пожарот, соопштија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
- Преку 112 во ЦУК, добиен е повик за опасен пожар во Прилеп, а освен што координирале за негово гаснење, вработени од Регионалниот центар отишле и на лице мето. Горела сува трева, но, заради ветерот и близината на индустриски објекти, постоела голема опасност, пожарот да се прошири и да ја зафати фабриката „Орион инженеринг“, а и други околни објекти, појаснија од ЦУК.
Пожарот бил локализиран со брза интервенција на пожарникарите од ТППЕ - Прилеп, на коишто им се приклучиле и вработени од објектите во регионот.
- Противпожарната единица интервенирала со сите расположиви пожарникари и противпожарни возила, на кои им помагале и вработените од околните индустриски објекти. Пожарот прво е локализиран, а потоа почнало етапно да се дејствува на догасување на можните жаришта од коишто уште чадело и жарело, за да не дојде до повторно активирање на пожар, заради присутните ветер и жештина, додадоа од ЦУК.
Зафатено било и едно противпожарно возило од огнените јазици, но, засега нема информации дали и колку е тоа оштетено.
Ново на Сител
-
По повод 8 Септември македонското знаме кренато во Њујорк
-
Си и Путин му ја честитаа на Ким Џонг Ун годишнината од основањето на Северна Кореја
-
Атина денеска без такси превоз поради 24-часовниот штрајк на таксистите
-
Израел изврши напади врз Сирија, најмалку петмина загинати
-
Синер со победа на Фриз го освои УС Опен
-
Нападната српска амбасадорка во Мадрид
-
Одбележани 33 години независност, честитки и пораки за единство и сплотеност
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Неготино