Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
Претседателот на САД, Џозеф Бајден, денеска во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повтори загриженоста на САД поради инвазијата врз Рафа, каде што повеќе од милион цивили се засолниле од другите делови на Појасот Газа и побара итно отворање на преминот Керем Шалом кон Појасот Газа со цел хуманитарната помош да стигне до таа палестинска енклава, пренесуваат светските медиуми.
Бајден рече дека верува оти постигнувањето прекин на огнот со Хамас е најдобриот начин да се заштитат животите на израелските заложници во Газа, наведуваат агенциите, цитирајќи неименуван портпарол на Белата куќа.
Разговорот се одржа неколку часа пред Бајден да го угости јорданскиот крал Абдула Втори на приватен ручек во Белата куќа.
Нетанјаху вчера го отфрли меѓународниот притисок за прекин на војната во Газа, велејќи дека ако Израел биде принуден да биде сам, ќе остане сам.
„Им велам на светските лидери: никаков притисок, ниту една одлука на кој било меѓународен форум нема да го спречи Израел да се брани“, рече тој, зборувајќи на англиски и додаде „никогаш повеќе е сега“.
Ново на Сител
-
Кембриџ развива ВИ-алатка за рано откривање деменција и Алцхајмерова болест
-
НАСА откажа мисија на Месечината
-
Надал загуби од Борхес во своето прво финале од 2022 година
-
Пјастри победи на трката за ГН на Унгарија и ја забележа првата победа во Формула 1
-
Младите кошаркари со победа го завршија настапот на Европското првенство
-
Maкедонската младинска репрезентација го освои деветтото место на Европското првенство
-
Претседателите на Демократската партија во сите 50 сојузни држави во САД ја поддржаа кандидатурата на Харис
-
Седници на собраниските комисии за политички систем, за одбрана и безбедност и Законодавно - правната комисија