Отстранет полицаец кој побарал и примил мито од Косовец за да не го казни
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Д.М., полициски службеник во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип при СВР Штип, соопшти МВР.
Кривичната пријава против полицискиот службеник следува откако на 19.02.2024 при вршење сообраќајна контрола кај наплатна станица Кадрифаково, пријавениот побарал и примил поткуп од државјанин на Косово за да не му издаде прекршочен платен налог за констатиран сообраќаен прекршок од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.
„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против пријавениот поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка“, додаваат од МВР.
Ново на Сител
-
Навивачи на АЕК предизвикаа инцидент во финалето против Алкалоид
-
Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата
-
Алкалоид го совлада АЕК во првиот натпревар од финалето во ЕХФ Европскиот куп
-
Во амбасадата во Пекинг одбележан Денот на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“
-
Мицкоски за договорот со В. Британија: Ниту било побарано од мене, ниту ми паднало на памет градење мигрантски кампови
-
Папата Лав Четиринаесетти го прими Зеленски
-
Зеленски се сретна во Венс и Рубио во Рим
-
Скопјанец ограбил казино и ја нападнал вработената