СДСМ: Со ДПМНЕ и Левица нема иднина, само изолација со помали плати и пензии
Со антиевропските ДПМНЕ и Левица, Мицкоски и Апасиев нема иднина, само изолација и стагнација.
Со ДПМНЕ и Левица нема поголеми плати и пензии, има само споменици и стиропор за богатење на Белата плата, врз грбот на народот.
ДПМНЕ е партијата којашто беше против покачувањето на минималната плата и во чие 11 годишно време на владеење изнесуваше 8.000 денари. Работниците беа третирани како евтина работна сила, со згазено достоинство и без вреднуван труд.
Со ДПМНЕ 8.000 денари а со СДСМ минимална плата е 20.175 денари и повторно ќе расте дополнително.
Со ДПМНЕ просечната плата изнесуваше 22.000 денари, со СДСМ просечната плата е над 37.000 денари.
Просечната пензија СДСМ ја зголеми за 40%.
Во време на ДПМНЕ, во 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари, додека во март 2023 година просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари.
Во времето на ДПМНЕ минималната пензија беше 9.000 денари, денес е 13.200 денари.
Над 160.000 корисници на пензија биле под прагот на сиромаштија од 14.000 денари, дефиниран од Светска банка, а СДСМ го намали на повеќе од половина, за над 50%.
Пензиите ќе растат со СДСМ, а со новата методологија ќе се усогласуваат на секои шест месеци врз основа на растот на трошоците за живот и на просечната плата.
Интеграцијата носи економски напредок и подобар животен стандард на граѓаните, а изолацијата економско уназадување.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Москва го прошири списокот на претставници од ЕУ на кои им е забранет влез во Русија како одговор на новите санкции
-
Путин и Лукашенко ја осудија политиката на НАТО и ЕУ
-
Зеленски: Русија го одолговлекува процесот за прекин на огнот
-
Путин: Ние сме за примирје, но прво треба да се одговори на многу прашања
-
„Д Фестивал“ годинава ќе се одржи во Штип
-
Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
-
ЈКП Гази Баба пријави загадување на водата во Булачани
-
Уапсен 37 годишен скопјанец, физички ја нападнал поранешната партнерка и нејзините три ќерки