Битола го слави 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот
Општина Битола со празнични манифестации денеска го слави 4 ноември, Денот на ослободувањето на градот во 1944 година.
Според востановената традиција, претпладнево делегација на Општина Битола предводена од градоначалникот Тони Коњановски и гости од државата и странство ќе положат цвеќе пред споменикот на НОВ и револуцијата што се наоѓа на плоштадот „Гоце Делчев“, а потоа градоначалникот Коњановски ќе приреди прием во локалната самоуправа.
Напладне, во свечената сала на битолскиот Офицерски дом ќе се одржи „Музички маратон“ што ќе го приредат ученици од Државното музичко училиште, а вечер на свечена академија ќе бидат доделени годишните награди и признанија на Општина Битола.
Како што е познато, добитник на наградата за животно дело е новинарот Димче Миновски, а ќе бидат доделени и годишни признанија на здруженија и поединци за постигнувања во струката. По завршувањето на свечената академија што ќе се одржи во НУ Народен театар, во фоајето ќе биде отворена фото изложба „Битола, некогаш и сега“ од авторот Петар Ставрев.
Ново на Сител
-
Почувствуван земјотрес во Скопје и околината
-
Православните христијани го слават Бадник
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради бадникарските манифестации
-
МААЕ информира за силни експлозии близу Запорожје АЕЦ
-
Зеленски тврди дека Лукашенко му се извинил на почетокот на војната
-
Обилни снежни врнежи го парализираа воздушниот сообраќај во Северна Европа
-
Сончево со мала локална облачност
-
Влада: Законот за заштита на децата ќе биде доработен и доставен до Собранието