ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на средба со министрите од Вајмарската група: Неприфатливи се уставни измени со политички диктат
ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери денеска ги информирале министрите од Вајмарската група дека остануваат на ставот дека уставни промени во околности на политички диктат од соседството не се прифатливи.
-Улогата на соседите треба да биде улога на поддршка на нашите европски интеграции, а не негирање на македонскиот национален идентитет, било посочено на средбата на лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски и претставници на коалициските партнери со државната секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција Лоранс Бун, министерката за Европа и клима на Сојузна Република Германија Ана Лирман, како и министерот за Европска Унија на Република Полска Шимон Шинковски вел Сенк.
Било нагласено дека опозицијата воопшто не беше вклучена во преговорите кои резултираа со ултиматуми и барања кои отстапуваат од европските вредности и принципи.
-Оттука, за да се заштити процесот на пристапување од билатерализација, односите мора да се базираат на Копенхагеншките критериуми со взаемна почит, поддршка и соработка, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата била дискутирана актуелната општествено-политичка состојба, особено во врска со пристапувањето на Северна Македонија кон Европската унија во овие предизвикувачки времиња.
-Од страна на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата беше истакнат недвојбениот став дека се залагаме за членство на Македонија во Европската Унија со силно зачуван и зајакнат идентитет, јазик, култура и вредности, се потенцира во соопштението.
Министрите, како што се наведува, биле информирани „и за високото ниво на корупција во државата, за криминалот на високите ешалони во владата на СДС и ДУИ, како и за катастрофалните политики во секој сектор во државата“.
Ново на Сител
-
Путин по средбата со Виткоф: Ќе видиме што ќе произлезе од ова
-
Во Берлин запалени четири автомобили на „Тесла“
-
Зеленски: Условите на Русија за прекин на огнот покажуваат дека таа земја сака војната да продолжи
-
Приведен скопјанец кој му се заканувал на инспектор од АХВ
-
Јахоски спроведен во „Шутка“ на 30 дневен притвор
-
Одземено возило во Кавадарци поради создавање бучава | ВИДЕО
-
Шест лица повредени во сообраќајка во Куманово, меѓу нив и четворица полицајци
-
Во Словенија и Хрватска издадени предупредувања за невреме