-->
-->
Баерн ја прекина соработката со Катар Ервејс
-->
Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен објави денеска дека спогодбено ја прекина комерцијалната соработка со авиокомпанијата Катар Ервејс, која долго време предизвикуваше контроверзи поради обвинувањата за кршење на човековите права во оваа заливска држава.
“Договорот меѓу Баерн Минхен и Катар Ервејс завршува спогодбено по пет заеднички возбудливи години”, се наведува во заедничкото соопштение објавено на официјалниот сајт на германскиот клуб.
“Баерн Минхен и Катар Ервејс успешно соработуваа и учеа едни од други”, рече извршниот директор на Баерн, Јан – Кристијан Дресен.
Шефот на авиокомпанијата Акбар Ал- Бакер, од своја страна, изрази ” најдобри желби за иднината на клубот”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Цените на производите се следат, ако има потреба ќе интервенираме
-
Пронајдена автоматска пушка при претрес на дом на тетовчанец
-
Фалсификувала билет и белгиски пасош за да патува до Истанбул, уапсена 32-годишна Турчинка
-
Приведен 40-годишен маж за тешка кражба
-
Тројца 20-годишници повредени откако со „пежо“ излетале на патот Охрид - Св. Наум
-
Продолжуваат преговорите за нова влада во Бугарија
-
Интервентна уапсила 50 годишен скопјанец утринава, кај него пронајдена марихуана
-
Затворени училиштата во Лос Анџелес поради заканата од пожар