Илиеска: ВМРО-ДПМНЕ е надежта за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ знае како да се решат нивните проблеми
Бевме во посета на Казандол, Грчиште, Собри, Дедели и Башибос. Народот со иста порака, вели дека се заборавени „ставени сме некаде во фиока“ и тоа имавме можност да го слушнеме, истакна Анастасија Илиеска при теренските активности кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ.
Таа порача дека власта не дава поддршка за земјоделците, за лицата со социјални потреби како и во инфраструктурата и образованието.
Нема поддршка ниту за земјоделците, ниту за лицата со социјални потреби, нема поддршка во образованието, нема инфрастуктура, кажа Илиеска.
На крај Илиеска порача дека ВМРО-ДПМНЕ ја носи надежта секаде со себе и знае како треба да се решат проблемите на граѓаните.
Но, пораката е јасна, надежта ВМРО-ДПМНЕ ја носи секаде со себе. Надежта за подобро утре, затоа што ВМРО-ДПМНЕ знае како треба да ги реализира и решава проблемите. Проблеми секогаш ќе има, но во 21 век луѓето треба да престанат да се занимаваат со основните потреби. Народот ги изгуби осовните работи за квалитетен живот. ВМРО-ДПМНЕ надежта ќе ја донесе, порача Илиеска.
Ново на Сител
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода