СЗО: Жена од Кина прва жртва на тип птичји грип
Жена од Кина стана првата личност која почина од тип на птичји грип кој е многу редок за луѓето, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Сите индикации се дека овој вид не се шири меѓу луѓето.
Во соопштението се наведува дека 56-годишна жена од провинцијата Гуангдонг во јужна Кина е третата личност за која се знае дека е заразена со подсојот Х3Н8 на птичјиот грип, пишува Гардијан.
Сите овие случаи се во Кина, а првите два се пријавени минатата година.
Центарот за контрола и превенција на болести за провинцијата Гуангдонг кон крајот на минатиот месец пријави трето заразено лице, но не беа објавени детали за смртта на жената.
Според податоците на СЗО, пациентот имал хронични заболувања и бил изложен на живина.
Спорадичните случаи на птичји грип кај луѓето се чести во Кина, каде вирусот постојано циркулира кај големи јата диви птици.
Ново на Сител
-
Јужнокорејскиот претседател и јапонскиот премиер се договорија да ги зајакнат врските
-
За една недела санкционирани 101 непрописно паркирани возила во Центар
-
Најмалку 56 уапсени во Лос Анџелес поради учество на протестите против рациите на имигранти
-
Приведен струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов
-
Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа во Малезија
-
Нови цени на горивата
-
Путин ја одобри Стратегијата за развој на руската морнарица до 2050 година
-
Истрага против уште едно лице за пожарот во кочански “Пулс”