Татко монструм: Со каиш ја тепал малолетната ќерка, па се обидел да ја прободе со нож
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 45-годишен државјанин на Босна и Херцеговина со привремен престој во Скопје за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело запуштање и малтретирање дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.
Во периодот од септември 2022 до 28 март годинава, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, осомничениот ја запуштил и ја малтретирал сопствената ќерка. Како татко и единствен родител со кој живеело детето родено во 2008 година, тој редовно патувајќи во странство, ја оставал својата ќерка сама, без соодветна родителска грижа и без обезбедена храна и хигиена во домот.
Кога ќе се врател од своите патувања, тој вршел психичко и физичко насилство врз детето користејќи ремен и удирање како средство за нејзино воспитување, а во една ситуација се обидел да ја прободе и со нож. Осомничениот ја вработил 14-годишната ќерка во слаткарница за време на викенди, а остварениот приход ѝ го земал за да ги надомести сопствените долгови.
На 22 март девојчето се разболело, било само дома и не отишло на училиште, а осомничениот ѝ се јавил од странство и ѝ се заканил дека кога ќе се врати ќе ја претепа затоа што отсуствува. Ваквото однесување кај жртвата предизвикало постојан страв и стрес, како и чувство на напуштеност и на отсуство на родителска грижа.
„Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и особени околности укажуваат на тоа дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, информираа надлежните.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?