-->
-->
Приведен скопјанец осомничен дека во повеќе наврати се самозадоволувал пред женски лица, определен му е притвор
-->
По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје на 27 февруари годинава го лишиле од слобода С.А.(30) село Пагаруша, општина Студеничани, кој се сомничи дека во пет наврати извршил кривично дело „задоволување полови страсти пред друг“, односно дека во градски автобуси и на други јавни места се самозадоволувал пред женски лица од Скопје.
Како што информираат денеска од МВР, лицето било задржано во полициска станица и во присуство на јавен обвинител било извршено негово препознавање од страна на оштетените.
Против него била поднесена и кривична пријава, а од страна на судија на претходна постапка му била определена мерка притвор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен дрвокрадец од скопско
-
Кремљ официјално ги потврди договорите за делумен прекин на огнот
-
Зеленски: Ако Русија го прекрши договорот, Украина ќе бара санкции и оружје
-
Велешанец на фан страна на национална телевизија објавувал коментари со омраза
-
46-годишна жена од Скопје го пријавила сопругот кој подолго време ја следел и ја вознемирувал
-
Уапсен турски државјанин кој превезувал брендирана текстилна стока без документација
-
Папата Франциск беше толку блиску до смртта што лекарите размислуваа да го прекинат лекувањето
-
Наплаќале 24/7 обезбедување на патарини а обезбедувале само прва смена, злоупотреби при јавни набавки во Државни патишта